azlyrics.biz
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

darko/alfa - so maki sum se rodil lyrics

Loading...

[строфа 1]
ова е мојата земја + мојата мајка
во неа пеам за мојата мака
овде се родив и пораснав со моите браќа
кои заминаа низ свет, некој не раздели
ги гледам луѓето и сите за гуша се фатени
поради лагите на секој пратеник!
сиромаштијата го уби доброто во секој
„на еден комита тројца кодоши” + некој арно рекол
и арно мислел
но денес сите комити во затвор ни се
а надвор стојат дволични…
знам секој родител го боли и сака да има бољи син..
не упропастија
секоја власт не покраде
ни собра последната пара и корка леб
и солзата на родител што пратил дете далеку горка е
нација + со историја и година
пеам за генерација со маки што се родила

[рефрен]
со маки сум се родил јас
со жалости јас ќе си умрам
маките да ми ги напишете
одзгора на гробот мој
[строфа 1]
секое денес полошо од вчера е, нема сомнеж!
ќе бидеш истиот и да потпишат + ерга омнес
но ќе станеш нем сведок на просторов
дека си живеел во време „кога умре македонското“
дека нема веќе „нашите“!
и дека покрај се си ќутел како уста да ти зашиле
дека законски смееш + а немаш права
дека си гледал како пунат џеб и сам си рекол „нека крадат“!
мојата чудесна земја ко брод е + тоне
народот е жртва зошто секој капетан е корлеоне
ако пропаѓаш ќе ти се сити
работата им зависи од редовност на митинг
ако некад се сретнете знам ќе кажете
колку сте се мразеле затоа што ве лажеле
систем раздели па владеј + факти!
сами сме криви зошто родени сме и живееме со маки

[рефрен]
со маки сум се родил јас
со жалости јас ќе си умрам
маките да ми ги напишете
одзгора на гробот мој



Random Lyrics

HOT LYRICS

Loading...