divizija - eden zhivot lyrics
[строфа 1: бандит]
јас сакам пари брат, сакам нови ствари брат
сакам виза за марс, да полетам и заминам
и не сум алчен но никогаш не стига колку и да има
нема пак за сите усти да ги смирам
па се нервирам и не прашувај зошто пијам
зошто не ме гледаш и ретко сум насмеан
на 25 уморен од се околу мене
нема време, па уморен од се околу мене
а упорен, но де факто трудот нема цена
за да вкусам резултати работам и петта смена
нема нема, мора да има за да се смеам
и ќе правам што ќе правам и можам за се да сменам
крајот делото го краси, но процесот го гради
стегам заби, нема назад, тргнувам по скали
удари пак по глава, но удари даваат снага
надевај се да боли и… и држи влага
[рефрен]
знам, еден живот!
сите мисли водат кон едно исто!
знам, има надеж!
сакај нешто доволно силно и ќе го најдеш!
[строфа 2: кискин]
денов ко да е последен јас давам максимум од себе
вложувам и игнорирам порок непотребен
знаеме за работа од утро се до вечер
и реално како функционира светов денес
некогаш толку контрадикторни што смешно е
мечта за ствари чија реално мала вредност е
меѓу кариера и љубовта цврста
без своја поддршка и таква врска, а?
јас сум вложил денови и ноќи
борби низ војни со кои сум дочекал јас премногу зори
ми врие крвта
како во времето кога ја запознав смртта по прв пат
и таа слика грда
сепак стојам, денови бројам, не со пораз
туку со победа моја, тука за секој мој брат
тешко е, но има надеж
па излези од таа кутија за слобода да најдеш
[строфа 3: chronic]
ова е предизвик, па биди главен лик и прави напори за сите тегоби
ко тегови прави притисок, потикни ги сите сетила да сечат во тебе
како мачета но нека нема штета и доста мисли летат, само отвори
душа и умот за бунтот прво против себе, па после светот го менуваме
војуваме со негатива и никад нема да има грижа на пат кон дома
штом се движат моите браќа да не мижат и да постигнат се на ум што
имат, зошто е само еден, нека ти биде вреден, живеј ко да е последен
кога ке го затворам да биде достоен, па да бидам јас спокоен
Random Lyrics
- mecca rebell - embrace your insanity lyrics
- sniper - s.n.i lyrics
- lerumo - the other side lyrics
- tha titanium - bugimen lyrics
- kid tris - runaway lyrics
- max pezzali - quasi felice lyrics
- tom petty and the heartbreakers - my life / your world lyrics
- odin - role play (the witch) lyrics
- domeno - i can tell lyrics
- ahzzy - intro lyrics