dudo - ne zapiraj lyrics
дудо – не запирај (текст)
[verse 1]
целев повисоко не дека нешто знаев
согледав отпосле по се што праев
со премногу интереси и секој од нив предизвик
кој што ме правеше задоволен, но не и сит
а тоа меѓу твои врсници не те прави член
се смеат, озборуваат, те сметаат за ограничен
дур молчиш различен и не земаш во предвид
си пред нив, ти си во центар, а не модерните секти
спреми се секого да преболиш, научи се да не молиш
да предводиш, притоа да си ти пример само, а не водич
со збор на кој му се верува без да се проверува
не се доверувај, тајна не е тајна кога се споделува
зависен од несекојдневни искуства
баталив срам, баталив чувства, патував сам, баталив друштва
баталив луѓе од вечен тип, повлечени во далечини
од се што правиш привлечени, а се што прават не чини
штом се вклопиш те снемува ко на тетрис
и највереден ставен во ред си најдоле ко кец лист
штом се мериш вредиш колку другиот што вреди
биди сам, еден човек, кој сака нека те следи
[chorus 2x]
не запирај што и да ти кажат, не гледај назад
со цел зацртана ко тетоважа
чекор по чекор, тежок е секој почеток
само не откажувај се и во твои раце е светот
[verse 2]
речи не (не) на се што не ти е по вкус
не луѓето, не парите, само времето ти е ресурс
кога сакаш да постигнеш нешто, си пробал, ти оди тешко
од тие што не го ни пробале го правиш повешто
затоа биди дисциплиниран, искрен и смирен
предиректен и решителен, но адаптибилен
несуетен, рационален, културен, оригинален
одговорен, добронамерен и професионален
прецизен, доверлив, разумен, дискретен, снаодлив
исполнет од квалитетни ствари, не од ќар од нив
стабилен, и умствено и физички агилен
а ако се осеќаш различно, биди си таков, заборави ме
прави се лом во дом студентски, биди под дејство ноќе и денски
секат со повеќе женски, пиј и збесни, биди на вести
за нагонот да го згаснеш пеј, пиј и прај кеш
најтешко е да ја најдеш правата чанта, влези во white trash
се прашуваат дали сум тој дудо или другиот
чудниот или блудниот, добриот или лудиот
зошто мислиш дека меѓу нас граница ставам
не мисли прави, бидејќи не мислам и правам
[chorus 2x]
не запирај што и да ти кажат, не гледај назад
со цел зацртана ко тетоважа
чекор по чекор, тежок е секој почеток
само не откажувај се и во твои раце е светот
[verse 3]
прави го тоа што го сакаш и без да се форсира
квалитетот секогаш испловува на површина
ако те бива нема потреба да се манипулира
создади реалност своја и гледај на светот од перспектива
само желбата за повеќе нека те понесе
не чекај ништо од никого, создавај сам и со себе гордеј се
луѓето пратат и судат, биди на својата основа
и сакаат да те спречат, не ги ни гледаш, за тебе не постојат
живеј со страст, никој на никому ништо не должи, не барај спас
ниту во девојка, ниту во власт, биди си ти, јас ќе сум јас
и прави го тоа кое што сметаш дека вреди
не постојат љубовни проблеми, вложи во себе и се си се реди
со една личност ќе се почитуваш и љубиш
но не со таа што храни его додека се трудиш
и после бира човек кој ја деградира
тоа е класа на луѓе што не треба да те интересира
не, батали се (се), ти биди закон
правејќи се што знаеме дека те прави таков
и тогаш ти посакувам добредојде
и одобрувам заедно да постоиме
[chorus 2x]
не запирај што и да ти кажат, не гледај назад
со цел зацртана ко тетоважа
чекор по чекор, тежок е секој почеток
само не откажувај се и во твои раце е светот
Random Lyrics
- benn - the divider lyrics
- perfume - 無限未来 (mugen mirai) lyrics
- nmk - condemned to existence lyrics
- gorilla voltage - heads will roll lyrics
- yung ruggs - fuckeveryone2018andforever lyrics
- humberto gessinger trio - irradiação fóssil lyrics
- wailing trees - djamae lyrics
- cuban link - son of tony lyrics
- the chemical brothers - out of control (sasha club mix) lyrics
- kraków loves adana - tender trap lyrics