goran trajkoski - о, гордост lyrics
о, гордост lyrics
о, гордост, силиконска убавице
моја развратна учителке
оној што не те познал не видел
вистински маки што се
те слушам како шепотиш, ја вабиш
надвор мојава празнотија
низ пустиве вијуги на главава
сееш кралска суета
о, ти мајко гладна, мајко гадна
свињо в блато, ѕверу, голтачу на души
небесните симфонии
во оперски лакрдии ги претвори
грлото ти одронува зборови, грамоти,величија
а гласот твој мелодичен, воспева правда, ред, револуција
о гордост + гнасо, со тебе го извалкав
она малку небо сино
кај се гозбите што ни ги вети
каде е едемското вино
отсекогаш напнуваше да напишам песна
да ти пеам алилуија
се притеснував тогаш, но радосен сум сега
што сила тогаш немав
ти реков збогум
реков никогаш не сакам веќе да те видам
и ако случајно те сретнам ќе се преправам дека не те препознавам
о, гордост ќерко вавилонска
ги не сакам чедата твои
благословен ќе биде оној
кој ќе им ги разбие забите со камен
отсекогаш си сакала да бидеш моја
да те ставам во вена
се притеснував тогаш, но радосен сум сега
што сила тогаш немав
о гнасо ти соблазителна
да пуста останала со децата твои
на денот кога тонев во мочуриштето
се веселевте и пеевте над бедите мои
о, красто и пофалбо демонска
во срам ќе се прославиш со децата твои
на денот кога лазев по ѓубриштето
а вие се радувавте на страстите мои
о, гнидо и бедо вавилонска
од вода ќе липсаш со чедата твои
во денот на твојата надменост
ќе ве потопат реките на очите мои
Random Lyrics
- semino rossi - ich geb' es zu lyrics
- daniel monroe - high noon lyrics
- charli xcx - anthems (mixed) lyrics
- ramón (no) - kenya (cover) lyrics
- mbt - daddy lyrics
- вены (veni) - fuckedup lyrics
- low tides - one day lyrics
- fresh apricot company - rest lyrics
- nemiga - just happy lyrics
- saiky & waiviq & lleon - фонарии (lampss) lyrics