azlyrics.biz
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

joey (sns) & bob mc - vo svetot lud lyrics

Loading...

[строфа 1: joey]
мрак и студ во срце камен без милост
шепот на ветрот по лице бавно и тивко
секој ден борба, тензија, само друг режира
овој период тестира нерви и сила
се чувствува притисокот лебди во воздух злоба
единствено прашање е „до кога?“
а никој нема храброст сам кон себе да впери прст
ако немаш добар план сам ќе бидеш и на врв
а брз е светот, се се движи со брзо темпо
темпераментни луѓе, луд е светот
нема самоконтрола, само луд филм возат
сами, склони кон раб на нервоза
денес е друго, лудо, среќата има свое дувло
скриено од кругот што дуплира грубо
и студот се осеќа сега дури и во лето
светот е трагикомичен ко луѓето во него

[рефрен х2]
во светот луд, каде што се е злобно и мрачно
во светот луд, каде што се е лажно и страшно
не биди луд, отвори очи и гледај јасно
„јас силен сум“, стегни ти заби и викни гласно

[строфа 1: bob mc]
а мене мракот не ме плаши, ме плаши светлината
ме плаши дента што ќе видам од ноќта мината
а силата покажана е само на послабите
ако бегаш губиш затоа стегни ги забите
знам можеш сам, сам во светот луд, маваш или мава друг
добиваш ил губиш труд, се се врти како круг
кренат бунт, секој бара своја правдина
големи срца, а во нив само празнина
прашина берат премногу работи ветени
крајот со солзи како дождови есенски
свесен си, џабе е, тука злото владее
многу лоши мисли кога џебот празен е
скокаат од уста тешки зборови пак нели
дали ти би премолчил, кога неправда се дели?
толку дволични фаци, сите дел од мистика
после секоја лага, од внатре боцка вистина

[рефрен х2]
во светот луд, каде што се е злобно и мрачно
во светот луд, каде што се е лажно и страшно
не биди луд, отвори очи и гледај јасно
„јас силен сум“, стегни ти заби и викни гласно

текст — rap g*nius macedonia



Random Lyrics

HOT LYRICS

Loading...