azlyrics.biz
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

ld pistolero - izguben vo temata (изгубен во темата) lyrics

Loading...

треба да го избркам ѓаволот од мене
yo, yo, yo, yo
тишина, тишина

после последна емоција, пробав да допишам
од кај да почнам, пак да посегнам по старо не можам, и не сакам
до сега знам, и се што сам со рацеве ќе направам
е мое, но го делам солидарно зошто припаѓам
а тешко, велиш така е но и на секој му е
се би дал за возврат еден добро познат глас да чуе
не да ќути пцуен, на колена паднат сирот
како замена за синот, стои сликата на ѕидот
што недоволна е да се скрие солза навек
го кршиш и секој завет, нека оди се во налет
ист, е мојот лист и после толку години
тие што знаат нека кажат дали сум се променил
а светов суров е, и мења се, но мене не, а каде сме?
има цел, има надеж дека ќе се сретнеме
во сонот бесценет, те гледам како бараш прошка
па простено нека ти е од мене, денот и ноќта
еве го голтам и здивот, кога се заколнав криво
во шепот тивок, под небо сиво, за таков живот
дека нема никогаш да бидам како вие
време што од нас ве крие, ама ние не сме тие
не заборавам и кого товарам во песната
и не се труди да забележиш која е темата
ги нема брат, жал ми е
секој стап по својот пат, секој стап по својот брат
за свое дело адвокат
а помош од пријател, излез но со две врати
од едната си оди он, од друга одиш ти
пак, ми недостасува се што за мене прашува
е толку далеку што може само место да ми зачува
реф. х2
кога немаш доволно зборови за да опишеш дело
и кога умот станува едно со дух и цело тело
кога црно е бело, и само датата е сменета
си толку свесно буден, сам и изгубен во темата

мириса на есен се што валка прагови со суво лисје
патот тешко проодлив, а надвор истура и кисне
уште ист е воздухот кој вештачки низ нос го пуштам
што ме прави да сум ист како музиката што сам ја слушам
го учам светов преку книги, но затворени, како за промени
би ставил криља место зборови
би ставил се на свое место под контрола
сомнежи ме прават немоќен, а толку болат
животов ни зема рано многу млади
таа сеуште ме љуби, тука е, но тој еден ми фали
не само он на мене, говорам за нив во нивно име
солзи повеќе од секој ебен freestyle кој што не е снимен
а време лечи рани, но ти прави нови исти такви
терајќи другар, вокал пред твои врати
на некој начин го разбирам ова срање
веќе нема чисти души, секој жив е ненормален, yo
еднакви лаги сме сите под сиво небо
тебе ти е преку кур од mc+то што пее пак за бедот
а во него си споменат безброј пати
како бараш парче леб на под од искршени чаши
те вратив назад секвенца само да ѕирнеш
колку тогаш вредел истиот бакнеж, за него денес гинеш
уморен од секој проблем можен
дождот пак го мие асфалтот, да застанеш цврсто на нозе
реф. х2
кога немаш доволно зборови за да опишеш дело
и кога умот станува едно со дух и цело тело
кога црно е бело, и само датата е сменета
си толку свесно буден, сам и изгубен во темата



Random Lyrics

HOT LYRICS

Loading...