azlyrics.biz
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

legijata - лош пат (losh pat) lyrics

Loading...

лош пат (losh pat) lyrics
[ блажеј ]
светов суров е и гребе
кога нема средства за живеење
а секој денар како сметка пресметан е
верувате, се крстите ли во подобро утре
или добриот филинг е купен
како жуто ѓубре?
што е со другите луѓе
на висока нога
се пристојна стока
со насмевка и маска
не ве сакам
не ве ни мразам
некои се назад па пазам
од секоја страна
па тука нема луѓе
има само сакал
никој на никој не верува
што ли следува?
девојки ко ган употребуван
а нема кој не дува, средува и не фура
па не сумњам од каде доаѓа
на друга состојба на умот
после мостот толку просто
каде јадат било што од било кого
место кобно како кога поминал возот
се јачаш со бело на носот
но и самиот не знаеш зошто
до каде си стигнал?
како до таму си дошол?
од добар човек + злобен
од добра цура + олош
па после толку време сфати
дека ова е точно но
нема назад кога веќе почнало
е очајно
па почнете од почеток
е потребно
разбери ни го советов за озбилно
ќе биде подобро
макар и за моментов
[ р.н.с ]
а јас сум роден како плод на љубовта на двајца луѓе
која како што растев ја снемуваше
денес ја нема уште
сепак се’ уште сум дел од цело семејство
господ ни е сведок
колку беше тешко времето
сега полнолетен
ете не сум веќе дете братче
сега е тесно местото
пожестоко од саќе
па тоа што правам хаге
не значи дека сум заборавил
дека светов окоравил
до корени те ограбил
не сум заборавил
дека те поробил
ти си сиромав од денот
кога си се породил
слободен си само додека
од сонот не се пробудиш
а среќа ќе осетиш
кога ќе умреш можеби
но, дали ти се бориш ли?
покрај се на нозе остани
ова е само тешко време, издржи
покажи му заби на светов
и бори се во него
ако се чувствуваш сам
само пушти ме во декот
и не си веќе сам ако ме осеќаш
во исти гомна сме
издржи ги и ти чим можам јас
а реков слабост никогаш да не покажуваш
во исти гомна сме
издржи ги и ти чим можам јас
[ лд пистолеро ]
во стилот исто како вчера
ме тера да мислам вака
џабе живот сака
кога не сакаш да бидеш сакан
цела населба се врти попреку
кога те гледа
секој поглед ново влакно
паднато од коса седа
дома беда
крадеш веќе од поодамна
сите те знаат
кучиња те лаат
веќе пропадна
во комшии се збори
дека дилаш дрога
како спротивно да докажеш?
имаш полиција во соба
пун си злоба
бараш пари да преживееш
и тогаш се’ би направил
до нив без труд да пристигнеш
но нема каде
некогаш и ти ќе бидеш фатен
мајката дома ќе плаче
синот уште не е вратен
филмот скратен
оставен си сам во собата
се менува улогата
сега си слуга на слободата
нема никогаш
да престанеш да лажеш
секој збор што ќе го кажеш
потсеќа дека си лажен
не си важен!
рацете во прљаво ги миеш
летно време носиш долги ракави
за да ги скриеш
имаш сон
а сонот убав не е секогаш
го губиш животот во кошмар
легнуваш и заспиваш
{ даџака накот ]
дал си свесен ти што стори?
се предаде
место да се бориш
згасна оганот што гори
сега сониш ноќни мори
без срце не боли
немаш љубов да преболиш
место солзи топиш брегови
сеќавања во снегови
дал си свесен ти што стори?
се предаде
место да се бориш
згасна оганот што гори
сега сониш ноќни мори
без срце не боли
немаш љубов да преболиш
место солзи топиш брегови
сеќавања во снегови
дал си свесен ти што стори?
се предаде
место да се бориш
згасна оганот што гори
сега сониш ноќни мори
без срце не боли
немаш љубов да преболиш
место солзи топиш брегови
сеќавања во снегови
дал си свесен ти што стори?
се предаде
место да се бориш
згасна оганот што гори
сега сониш ноќни мори
без срце не боли
немаш љубов да преболиш
место солзи топиш брегови
сеќавања во снегови



Random Lyrics

HOT LYRICS

Loading...