azlyrics.biz
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

p.n.r. - turisti lyrics

Loading...

[реф]
патувам, рокам, снимам и се враќам
се движам слободно и сметки не плаќам
сватив дека луѓето на светов не се исти
дека сите во светов се секакви туристи

(nixter)
слушаш нова трака, п.н.р. се враќа назад
турист сум во ова време кога има тотален распад
нема компромис за мене во оваа земја
би сакал да киднам ко ѓавол од темјан
ми пукаат сите нерви кога нешто ќе снема
денес државата не е таква каква што ја гледам
ми треба слобода од лицемерие и сеир
можам креативно да полетам со автожир
велат дека туристи има, но без туризам
капитализам, лицемерие и вечен деспотизам
луѓето во европа добро знам кои се и што се
се верува во другите зошто ние не знаеме кои сме
сега гледам туристи задоволни од чиста околина
текстови почнав да пишувам за оваа рутина
како турист со луѓето на запад патував мирно
се каам што останав тука неверно
охрид, често има холанѓани задоволни од градот
и заедно со нив му се радувам на крајот
и нема што друго да се зборува тука за туристи
демек сите се исти, како игла им влагам во мисли

[реф]
патувам, рокам, снимам и се враќам
се движам слободно и сметки не плаќам
сватив дека луѓето на светов не се исти
дека сите во светов се секакви туристи(x2)

(vojce)
среќен сум што денес можам да патувам слободно
не ми треба виза, ми треба нешто неопходно
не е како порано, никој не ти бара виза
со празни ветувања не лепат како на штица
чекаме подолго време пасош за надвор
јас ќе бидам некој и нешто за да сум хардкор
неам ни пасош, а турист сакам да бидам
се што сакам у животов е европа да ја видам
да бидам член на new school со другите рапери
мојот живот е филм, главни улоги се четири
турист сум и европа ја шетам од мало дете
барем имам пари у џеб и сум за тоа среќен
а до тоа не е се, нешто е и до карактерот
да прошетам зошто тука се поголем е теретот
остај ме да рокам за тоа што го живеам
изградив урбан стил и сега почнав да го правам
сега само што почнавме со првиот албум
се трудам колку можам да имам рими редум
мојот ум прави да сум тврдокорен
така јас сум хаце, а ти лежиш во кревет болен

[реф]
патувам, рокам, снимам и се враќам
се движам слободно и сметки не плаќам
сватив дека луѓето на светов не се исти
дека сите во светов се секакви туристи(x2)



Random Lyrics

HOT LYRICS

Loading...