azlyrics.biz
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

slatkaristika - okeani lyrics

Loading...

[текст за песната „okeani“]

[строфа 1: next time]
свири ја бисер балкански, рани да ми излечи
до мене, браќа балканци, носталгија ги изгори
во мисли — меланхолија, во срце — македонија
цел живот ко на робија — е, тоа, е историја
седам во кафана, пијам вино, ракија
како сол на рана, боли, зошто заминав?
да те видам тебе, мамо, да си гушнам браќа тамо
да си видам земја своја, родена, родена

[рефрен: slatkaristika & next time]
одам преку океани, животот ме кани
патувам низ овој свет, како брод од оригами
за проклети пари, осуден да потоне
таму немам, немам кој, таму немам никој свој
да ме чека, да ме праша дал’ сум стигнал сигурно
таму немам, немам кој, таму немам никој свој
да ме чека, да ме праша дал’ сум стигнал сигурно

[строфа 2: slatkaristika]
не може со пари да се попуни, брат
таа празнина у душа е непоткуплива
таму каде што нѐ гушат — имај сто куќи пак
само една ти е дом, само една ќе те прими, ќе те прегрне безусловно
правам пари, али ти ми фалиш, стари
ми фалат твоите „не се курчи“ коментари
ако паднеш, дојди дома, каде и да стигнеш
таму нема кој да те погледне, не па да те дигне
[рефрен: slatkaristika & next time]
одам преку океани, животот ме кани
патувам низ овој свет, како брод од оригами
за проклети пари, осуден да потоне
таму немам, немам кој, таму немам никој свој
да ме чека, да ме праша дал’ сум стигнал сигурно
таму немам, немам кој, таму немам никој свој
да ме чека, да ме праша дал’ сум стигнал сигурно



Random Lyrics

HOT LYRICS

Loading...