azlyrics.biz
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

tha titanium - okovan prometej lyrics

Loading...

[строфа 1]
full charge
стамина е спремна за на ова, лирика ко лира
кулирам во темна соба, цитирам за мирам
сите зборови ми бегаат секогаш од маргина
па затоа се прашувам јас понекогаш
зошто мојте зборови ми звучат ко непознат, некогаш
боли да ги гледам сите работи што шетаат под плетвар
темјан, мириса на земја
два метра во неа, што пишувам? не знам
хмммммм… дали болест или визија
лоша емисија, оваа песна ќе ја класирам во приспивна
пошто не знам дал е сон или вистина
кога го гледам, ме гледа, од другата страна
во сенка, и пишува поезија
а јас не сум рапер, јас сум оној што ви донел пламен
и кога сакаш да го гориш микрофонот, земи ти од мојот поклон и биди славен
биди памтен и биди над се, но никогаш бесмртен
пошто само пишаниот збор е вечен, биди сетен
каде и како твојто мастило ќе протече
јас сум комплетен, јас сум комплетно полуден
но имам причина да пишувам за многуте, моменти, сум осуден
да ги чуваме во мене, погледот занемен
некогаш е тешко да го трпам сето ова јас сум окован прометеј

[рефрен]
а некогаш се чувствувам, исто како да сум проколнат
а некогаш се осеќам како прометеј окован

[строфа 2]
гледам двојно, гледам со резерва
можеби им верувам но нема да се доверам
собирам, после моето алтер его пишува
не сум лицемерен така светот ме опишува
па батали по ѓаволите, повеќе не сум корисен
на карпа, во кавказ, гозба за орлите
некогаш е тешко да го трпам сето ова јас сум окован прометеј
често сум смирен, нo некогаш ми иде да им отварам плексус
и телото да осети, минуси во целзиус
сега не си кул, сега си смрзнат
поделен во кеси кои пловат во црна, така дочекај ја смртта
брат, верувај не трипам, се големи промилите на алкохол во крвта
и сонце не грее кога снимам капираш
и нема сонце на бина кога кинам на ритам
и нема сонце во градот само сива маглина
и само екот, титаниум е сила
на ѕидови е пишан зборот
со тагови па пробај дешифрирај го кодот
ако треба да сум улица бе копиле
јас ќе бидам улицата на брестовите
секад понижен, останав во поднежје
зато светот постана моето ателје
небото е платно, сенките се боите
делото е извор од кој што ќе се поите
нема сомнеж ги победив боговите
сега нема што да постигнам повеќе
имам судбина на титан зошто колку да сум добар, јас сум окован прометеј!

[рефрен]



Random Lyrics

HOT LYRICS

Loading...