tonyo san - beng beng lyrics
[строфа 1]
јас имав 5 години, тој има 6
другарски живеевме во некој наш свет
во град на бед, плет, во блев крим
сепак ние бевме среќни, живеевме во мир диф
тој беше секад каубоец, ја бев индијанец
имаше ган пластичен, класичен ланец, антипатичен ко крадец
и во црн шешир опасен
но јас бев индијанецот сиромашен
јававме дрвени коњи, водеќи детски војни
но секогаш тој победуваше, врз мојте порази бројни
во своите кораци стројни тој беше по јак (камај, камај)
ме упуца паѓам на земја тогаш, бенг бенг
право во срцето како тенк, да
паѓам од коњот и врз мене негова сенка
ме испука, f-ck, изгубив пак
си отидов со пораз дома, наведнат
[строфа 2]
јас имав 15, тој има 16
другарски живеевме во некој наш занес и наш залет на криминален пат цел град
но јас одев во училиште со мат и јат на врат
тој беше друг клас учеше со неа
ја сакав повеќе од се, но дали смеам
околу неа беа бараби седат, но јас бев повлечен
може тоа и се допадна за да ме соблече
не ми се верува во нејзин дом
губиме невиност ми е како во сон без кондом, еј
помина месец кога се се смени ја видов неа со него ми се стемни
тој беше научен да ме победува, тој беше каубој
но не очекував од сите од светов да биде пак тој
се осеќав онака серен и тогаш тој ја крена раката
со прстот накај мене вперен, бенг бенг
право во срцето како тенк, да
паѓам на земја врз мене пак негова сенка
ме испука, а јас изгубив пак
си отидов со пораз дома, f-cked up
[строфа 3]
јас имам 25, тој 26
заедно живееме во некој друг свет
денес политика ни гади вести, ни гради свест, без фура
ние бевме различни вери, но кој кур а
и ете пукна, гарѓанска војна тука
сегде има тензија, во секој стан и куќа
имаме сите оружје за секој случај
ако ти влезе дома тогаш нема друго, пукај
и ете го на врата ѕвони, тој е
има црн шешир, опасен е
но јас бев индијанецот сиромашен
ми рече мора
така му рекле одозгора, се работело за живот или смрт
а не за етика и морал
не дека сакал, али морало вака
овој пат вперен вистински ган кон мојта глава
но овој пат бев подготвен да вратам фер
па го вперив накај него стариот мој револвер, бенг бенг
право во срцето како тенк да
паѓа во влезот врз него е мојата сенка
го испукав, тој изгуби за прв пат
се сетив кога измешавме крв, а ми беше брат
текст — rap g*nius macedonia
Random Lyrics
- shinee - honesty (늘 그 자리에) lyrics
- j. glover - like me lyrics
- anti-lilly & phoniks - blue dream (phoniks remix) lyrics
- fleetwood mac - what's the world coming to? lyrics
- i need a freak - mookie jones lyrics
- aze - vs. acou - [hr 16tel-finale vbt 2015] lyrics
- osama com laude - i'm zoning lyrics
- mach one - brenn brenn lyrics
- franco battiato - yo te vengo a buscar lyrics
- simon keizer - wonderful world lyrics