azlyrics.biz
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

toti-e - begstvo lyrics

Loading...

и се што поминав ми остави белег
ко да е вчера секој момент однесен од силен ветер
прави да се смилуваш и да речеш дека е добро
правиш изглед лажен и ставаш маска пред зборот

зошто само така ти ќе бидеш сфатен
секој гледа за своето утре и да бидеш доле ставен
никој нема да те праша или да те чуе
дури со тој што си растел ко мал ти примаш удар студен

веќе доцна е, секој следен момент битен е
секој лик со обид за контра ќе биде уништен
лекцијата научена а кругот веќе потесен
алергичен на фејк фаци ги топам ко бесен пес

без свест, веќе неможам да трпам се
оставам позади ствари а некогаш ми требале
сонцето зајде со него радост однесе
дали спремен ќе бидеш за борба и во ноќите?

(реф)
да биде гласно, да биде чуен гласот
во борба да сме заедно да бидат брат со братот
од овој момент, веке назад нема
на ова парче земја ништо не е ко што треба

си ветив себе, поглед напред вперен
да дозволам јас нема планот да ми биде сменет
од една грешка, да бидам срушен нема
од себе правам борец кој ќе докаже со дела

јас знам дека дадов се
за возврат ништо не добив, за возврат ми се одзема се
над сето ова и таа веќе ја нема
се што сакаш искрено, за миг го снемува

јас сум свесен за сето ова
јас знам дека постои опција нова
од обичен, животот станува драма
биди добар глумец само тие можат да се справат

а пред да завршам да кажам уште нешто
пред да заминам нека се потсетат на текстов
нека осети во душа белег секој
нека памти минато зошто тоа останува вечно



Random Lyrics

HOT LYRICS

Loading...