toti-e - koga patot ne deli lyrics
[строфа 1]
во една тивка вечер, мислејќи длабоко во себе
уморен од се што лета и ме прави бетер
да се чуствувам предадено од луѓе кои ги ценам
совеста ја нема одамна и колку тоа вредам
дали си помислил за другата страна
и што ќе добијам повторно ако истото го бранам
не сум барал, се што добив е заслужено
и ова малку што го имам ќе го чувам бескрајно
во градов темен, пази се од сите биди спремен
времето по себе ќе ти покаже со кој си верен, но
кога даваш љубов а не ти се возвраќа
и кога цело време го посветуваш а не се враќа знам
а тогаш, биди јак и издржи се
те следат удари пет, собери сила и соочи се
можеби сите грешат па се случува
да стапнеш таму кај што не треба, ти не заслужуваш
а знаеш добро, дека ништо не те враќа назад
грешките ќе бидат само лекција нема да тажат
колку, и да боли горе погледот напред
ќе биде подобро утре, само верувај во себе
[рефрен x2]
кружиме околу светот
причината што мразиме се луѓето во него
ако, ни треба љубов, а патот ни се дели
промени под итно нешто мора да се смени
[строфа 2]
минутите полека течат, и било што било
заврти нова страница а сонцето удира силно
направи нешто што ќе трае
нешто што ќе остане за долго, мотивот те носи напред
а времето помина кога другарството беше во правата смисла
истата мисла, ставови триста, покрај се јас исто мислам
ти слободен ќе бидеш кога ќе си свесен
дека тоа што е твое ќе си остане за довек
понекогаш го правиме она што не го сакаме
а животот е бумеранг и дупло ни се возвраќа
сме толку блиски, но што е проблем не гледам
е такво време па сум малку настинат
средината е таква прави да си болен
надвор дождот истура те прави уште по нервозен
зошто прв си бил ти овде а те вратиле последен
време дојде, бунтот треба да се почне
[рефрен x2]
[строфа 3]
но кога крајот дојде дали смени нешто
кругот уште не е свртен, небото уште е бледо
си заситен од малку но до кога вака
губиш интерес од се, но битно е да опстанеш
[рефрен x2]
текст — rap g*nius macedonia
Random Lyrics
- mad meat - oldie oft remix lyrics
- holley maher - perfect day lyrics
- devin the dude - boo boo'n lyrics
- lee l-eazi - unorthodox freestyle lyrics
- smokey robotic - bazooka lyrics
- victor cervantes - guess i was wrong lyrics
- dj stephanie - black high heels lyrics
- u.g.l.y. element - energy - $liim ace & kamakaziii kei lyrics
- black kent - ouvre les yeux lyrics
- georg ots - moskovan valot lyrics