zee bomb - moite lyrics
[rocksteady]
џабе напор,кога срцето ќе биде празно
би го сменил тоа само да би имал разлог
но за тоа тука се моите луѓе од кланот
без да пробаат праат топло место ладно
долг пат,на прво место уште од младост
првиот чекор со луѓето во старото маало
таму растам и се составувам како човек
без нив не сум целина не би издржал овде
би избрал можност со нив заедно до смрт
исти сме по срце браќа со различна крв
малце но се држиме и секад идеме напред
тој што нема страв нема никогаш да падне
ме учеа од почеток,да почнувам со добро
една љубов улиците и почитта кон господ
полека на патот кон дома кај што сонцето се крева
ја следиме целта,за да го добиеме богатството од среќа!
[slash: рефрен]
и покрај се’, остануваме сите тука
додека живи сме срцето со љубов чука
сакам да преовладува среќа во строфите
ако си искрен, позитивен, и ти си од моите
[bebop]
нема цена среќата кога душата ми е полна
во неа фамилијата, екипата моја сложна
викаат кој високо лета, доле ниско паѓа
патот го одам пеш и со кого го одам пазам
за назад не помислувам и не погледнувам
не разликувам, затоа на никој не потклекнувам
кога на патов го направив првиот чекор
сретнав и видов имало некој ко мене на светов
следно што беше, беше тоа што станавме ко едно
секад заедно напред смело, во светло и во темно
полн сум со позитива, полн сум со добро
ради нив што ми даваат голема среќа и спокој
кога навечер легнувам, сонувам да се разбудам
да сум повторно заедно со нив и да се радувам
делчињата најдени, сложувалката е наредена
со вистински, ги ценам, највише на земјата вредат
[slash: рефрен]
и покрај се’, остануваме сите тука
додека живи сме срцето со љубов чука
сакам да преовладува среќа во строфите
ако си искрен, позитивен, и ти си од моите
Random Lyrics
- ioweknee - cali girl lyrics
- dj spider - it's getting real in the whole foods parking lot lyrics
- fenton robinson - going to chicago lyrics
- george benson - the greatest love of all - remastered album version lyrics
- spa - piano lyrics
- samiyam - hummus lyrics
- karim elgang - la culture hip hop / lyrics
- vicente fernández - el moro de cumpas lyrics
- leonardo - paixão de um homem / dama de vermelho lyrics
- fmb dz - bag on me lyrics